ОГЛАСИ

Спасовски: Владата ќе прифати амандмани во Законот за следење на комуникациите доколку се издржани

Вести | Охрид | 03.02.2018 15:03Посети : 339

Владата ќе прифати амандмани во Законот за следење на комуникациите кој се наоѓа во собраниска процедура, само доколку тие се издржани и не го уриваат концептот поради кој тој се носи. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со неговиот албански колега Фатмир Џафај во Охрид, на која беше потпишан Меморандум за зајакнување на борбата против тероризмот.



-Реформата на системот за следење на комуникациите е историска, бидејќи ги знаете последиците што значи злоупотребата на системот, што посебно ни беше покажано во изминатите 11 години кога масовно се прислушкуваа граѓаните на Република Македонија. Оваа влада и МВР влегоа во реформи со цел да создадеме систем кој што ќе функционира и нема да биде злоупотребуван. За да имаме успешна реформа таа мораше да биде транспарентна и да ги вклучиме сите релевантни фактори што и го направивме, имавме многу разговори и дебати, а вчера заврши јавната расправа во Собранието. Со оглед на тоа што текстот на законот е во фаза на донесување во парламентот, ние сме подготвени да има амандмани, тоа е основа на демокрартијата. Со внимание ќе ги разгледаме сите амамндмани и доколку не претставува рушење на тој кнцепт и на јакненњето на овој реформски процес може да бидат дел од законските решенија. - изјави министерот Спасовски.


Г.М.


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833