ОГЛАСИ

Во Охрид наврнале 13 литри на метар квадратен, постои опасност од локално излевање на реките

Вести | Охрид | 03.02.2018 23:58Посети : 1667

Последните информации од синоптичарите кажуваат дека вечерва насекаде е облачно, во поголемиот дел од земјава со врнежи од дожд кои се пообилни во западните делови. До 19 часот најмногу дожд, 56 литри на метар квадратен наврнало во Лазарополе, 48 Пожаране, 35 Тетово, 19 Скопје Зајчев Рид, 13 Охрид, 7 Тополчани и Битола, 2 Берово и Скопје - Петровец, 1 Виница, Кр. Паланка и Ѓуриште.



Овие врнежи дополнително ги зголемија водостоите на сите реки на територијата на Република Македонија, а особено во горниот дел на р.Вардар и нејзините притоки во полошко, горниот дел на р.Треска и нејзините притоки, р.Радика и нејзините притоки, Црн Дрим и притоките, р.Сатеска и притоките, Голема Река, р.Брајчинска и останатите реки во преспанско, горниот дел на р.Црна и притоките и како и на други останати помали водотеци и суводолици.


Во текот на ноќта ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Врнежи од снег најпрво ќе има само на највисоките планини во северозападните делови, а во текот на втората половина од ноќта ќе се прошират во западните делови и снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Снежната покривка ќе се зголеми, особено во северозападните делови.
Намалувањето на температурите ќе го забави топењето на снегот од горните делови на сливовите, па постепено ќе се намалува дотекот на дополнителни количини на вода во реципиентите, но сепак очекувано е во речните сливови на посочените реки и понатака да има покачување на водостоите.


Поради високите водостои на водотеците можна е појава на локални излевања кај реките во северозападните и западните делови од Република Македонија, и појава на заезерени површини во рамниците, информираат од Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство и предупредуваат на внимателно движење покрај реките и суводолиците. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1234 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833