ОГЛАСИ

ВМРО ДПМНЕ: Поважни се политиката и патувањата отколку животот на поплавените граѓани?

Вести | Охрид | 04.02.2018 16:32Посети : 695

Општина Охрид целосно потфрли во реакцијата за поплавите. Јавно го прашуваме градоначалникот Стојаноски: поважни се политика и патувањата отколку животот на поплавените граѓани?, велат од општинската ВМРО ДПМНЕ.



- За изборите им ветуваа сже и сешто на жителите на Косел и Железничка само за да ги добијат нивните гласови, а сега ги нема да се појават меѓу нив кога им е најпотребно. Зошто градоначалникот и пратениците Тунтев и Лазаревска не се на терен меѓу граѓаните кои доживеаја штети од поплавата? Земаат од народот пари за патни трошоци за да не се јавуваат за помош на охриѓани? Ја повикуваме Локалната самоуправа веднаш да реагира за да им се помогне на поплавените граѓани затоа што токму овие проблеми на жителите на Косел и Железничка беа посочени како горлив проблем од Градоначалникот во предизборието кој пак вети дека ќе ги реши, додаваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.


Како што велат, уште еднаш се докажало дека на Градоначалникот и СДСМ не им е до граѓаните и дека не покажуваат солидарност со настраданите граѓани и меѓусебна соработка за надминување на последиците од поплавата.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1153 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833