ОГЛАСИ

Општините од Југозападниот плански регион тонат во долгови и немаат пари, а не ги користат милионите кои им ги нуди ЕУ

Вести | Охрид | 05.02.2018 07:00Посети : 870

Ниту милионските грантови од европските фондови не се доволна мотивација за општините од југозападниот плански регион да го решат деценискиот проблем со изградба на регионална депонија. И натаму главна пречка е локацијата, бидејќи ниту една од општините не ја сака депонијата на своја територија. Општина Дебрца, која според студијата изработена со средства од ЕУ фондовите, е избрана за најидеална локација, децидно се противи на изградба на регионална депонија, што беше потврдено и на референдумот кој се одржа заедно со локалните избори.


-Oстануваме на тоа што го кажаа граѓаните. Ние сме против изградба на регионална депонија во Дебрца, бидејќи сметаме дека локацијата не е најдобро избрана и не ги задоволува еколошките стандарди, затоа што се наоѓа во сливот на Охридско Езеро кое е под заштита на УНЕСКО. - изјави Зоран Ногачески - градоначалник на општина Дебрца.



Депонијата во Југозападниот плански регион е само еден од многуте нереализирани проекти, поради што, земјава секоја година испушта милионски средства од европските фондови.


-Не можам да кажам колку минатата година се искористени од тие условно 100 милиони евра европски средства, но процентот е многу мал, можеби околу десеттина проценти. -истакна Стојан Савески од Центарот за развој на југозападниот плански регион.



ЕУ во рамки на грантовата програма за периодот 2014-2020 година за нашата земја годишно предвидува околу 100-на милиони евра, а клучен сегмент којшто може да придонесе за поголемо искористување на овие средства се општините. Оттаму, сметаат стручњаците, неопходно е зголемување на капацитетите на локалните самоуправи за аплицирање за европските фондови, бидејќи парадоксално е од една страна тоа што општините немаат пари, а од друга страна не ги користат средствата на ЕУ.



Деновиве во Струга се одржа работната средба на претставници на општините од Југозападниот плански регион, стручни служби од ресорните министерства и Центарот за развој на Југозападниот плански регион, на која присуствуваше и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, на која се разговараше за подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за подобро искористување на ИПА фондовите.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833