ОГЛАСИ

Во Брисел почна судењето против Салех Абдеслам, напаѓачот од Париз

Вести | Свет | 05.02.2018 10:27Посети : 582

Силно полициско обезбедување во Брисел, поради денешното прво судење на Салех Абдеслам за терористичките напади во 2015 година во Париз, пренесува Би-Би-Си. Абдеслам е единствениот преживеан осомничен за нападите во Париз, во кои загинаа 130 луѓе, а стотици беа повредени. Салех Абдеслам беше уапсен во Брисел, четири месеци по нападите во Париз. Обвиненијата против него, сега, не се однесуваат за нападите во Париз, туку за престрелката со белгиската полиција за време на неговото апсење, додава Би-Би-Си.



Со долга коса и порасната брада, Абдеслам влезе во судот, придружуван од двајца маскирани полицајци. Во воведното судење, Абдеслам и осомничената соучесничка во нападите, Софиан Ајари, ќе се соочат со обвиненија за нелегално поседување на оружје и обид за убиство на полицајци. Доколку судот го прогласи за виновен, на Абдеслам му се заканува казна затвор од 40 години.

Меѓу напаѓачите, беше и братот на Абдеслам, Брахим, кој загина разнесувајќи се себе си пред едно кафуле.



Француските обвинители веруваат дека Салех Абдеслам, имал клучна улога во нападите, но тој одби да соработува со истражните органи. Не се очекува да се појави пред судот во Франција се до 2020 година.

По нападите, Абдеслам стана најбараниот човек во Европа, кој беше најден додека се криел во дистриктот Моленбек во Брисел, каде и се наоѓал неговиот дом. Французин, роден во Брисел од родители со мароканско потекло, Абдеслам се наоѓаше во затвор близу Париз.


OhridNews


Макфакс

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1306 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833