ОГЛАСИ

Ставре Јада ќе го носи македонското знаме на ЗОИ во Пјонгчанг

Спорт | Македонија | 05.02.2018 15:10Посети : 436

Скијачот во нордиски дисциплини, Ставре Јада ќе го носи македонското знаме на Свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.



Покрај Јада, Македонија на Олимпијадата во Пјонгчанг ќе ја претставуваат Антонио Ристевски (алпско скијање) и Викторија Тодоровска (крос кантри).

Македонските репрезентативци имаа прием кај претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, кој им даде поддршка и најави подобри услови за натпреварувачите во зимските спортови.

- Ќе се обидеме да издејствуваме подобрување на условите за работа на овие спортисти, поголеми вложувања и подобрена инфраструктура Дури потоа може да се бара подобри резултати. Нашата репрезентација ја има поддршката од МОК. Репрезентативците располагаат со квалитет кој не треба да се потценува. Во среда на средба со државниот врв ќе се обидеме да најдеме решенија за проблемите со кои се соочува спортот кај нас. - изјави Тупурковски.

Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја ќе се одржат од 9 до 25 февруари.


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1162 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833