ОГЛАСИ

Обновено: Новиот кошаркар во АВ Охрид без право на настап во АБА лигата

Спорт | Охрид | 06.02.2018 13:24Посети : 437

Новиот кошаркар Фил Хенри кој го ангажираше АВ Охрид во текот на минатата недела нема да има право за настап во мечевите од јадранската Втора АБА лига.



Преодниот рок во регионалното друштво е до 31 јануари, а 202-сантиметри високиот кошаркар во Охрид пристигна два дена после рокот дозволен за засилувања.

Охриѓани максимално се фокусирани на дуелот со Динамик кој ќе се одигра утре со почеток во 17 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

- Нашата цел во Втората АБА лига е јасна и секој играме да акумулираме што повеќе искуство. Натпреварот со Динамик добро ќе ни дојде после поразот од Кожув во домашниот шампионат и ќе го искористиме за подигнување на самодовербата. - изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.



„Галебите“ со скор 1-15 се на последната позиција на табелата, додека Динамик со 7 победи и 9 порази го зазема 10-то место на табелата.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833