ОГЛАСИ

Чествувањето на Григор Прличев продолжува

Вести | Охрид | 06.02.2018 15:57Посети : 1317

Со низа активности чествувањата за Григор Прличев продолжија и денес. Во спомен куќата на Прличев се одржа културно–уметничка програма, на која беседа за Прличев одржа проф. д-р Виолета Пирузе-Тасевска. Пред присутните се обрати и градоначалникот Јован Стојаноски, кој упати честитки на годинашиот добитник на наградата за најдобра поема, Гордана Стојаноска.




- Шест децениското институционално чествување на македонскиот литературен великан, народен трибун и преродбеник, Григор Прличев, годинава е збогатено со уште една поема со која се продолжува традицијата на Прличевата „Сердарот“. И погледнете каква симболика. Ако Прличев преку „Сердарот“ ни ги остави во наследство нескршливиот слободарски дух, витешката борба и високите етички принципи, годинашниот лауреат ни ги дава „Клучевите“ кои нам како генерација и тоа како ни требаат за да можеме да ги отвориме вратите на иднината, како што впрочем тоа за нас го сторил Прличев. Наградата е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност, истакна Стојаноски.




Свеченоста беше збогатена со настап на хоровите од ОУ “Григор Прличев“ и ОСУ “Свети Климент Охридски“ и ансамблот “Климе Садило“. Ученичките Анастасија Стојаноска и Миа Грозданоска добија пофалници од градоначалникот Јован Стојаноски, за најдобри литератуни творби на конкурсот од ОУ “Григор Прличев“.


Во рамки на одбележувањето на 125 годишнината од смртта на Григор Прличев во националната установа што го носи името на поетот, беше промовирана книгата „Сага за Охрид“ од  новинарката Валентина Неловска.




Претходно, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и претставници на институциите кои го носат неговото име, положија свежо цвеќе на гробот и пред бистите на поетот.





Свеченостите се заокружуваат вечерва со академија на ОУ “Григор Прличев“.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 533 гласови (31%)

Не - 1174 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833