ОГЛАСИ

Роналд Куман нов селектор на Холандија

Спорт | Свет | 06.02.2018 18:15Посети : 246

Фудбалската селекција на Холандија во името на Роналд Куман дови нов селектор. 54-годишниот стратег со „лалињата“ потпиша договор до 2022 година и стана шести селектор во последните осум години.



Поранешниот менаџер на Евертон и Саутемптон има неверојатно тешка задача пред себе, бидејќи холанѓаните несвојствено за нив го пропуштија Европското првенство во Франција, а ќе пропуштат и Мундијалот во Русија кој ќе се одржи годинава.

- Среќен и горд сум што станав селектор на Холандија. Ќе направам се што можам да се пласираме на Европското првенство 2020 година и со тоа да ја вратиме Холандија каде што припаѓа. - изјави Куман.

Куман на селекторската клупа од „лалињата“ го наследи Дик Адвокат, кој пак го замени Дени Блинд после неуспешниот старт на квалификациите за Мундијалот во Русија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1332 гласови (88%)

Не - 174 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833