ОГЛАСИ

Мекларен: Моторот на Рено побрз за една секунда

Спорт | Ф1 билтен | 06.02.2018 22:10Посети : 376

Дали Мекларен со моторите се Рено се враќа во конкуренција?  Шефот на тркачките операции изјави дека оваа година Мекларен значително добил на брзина. После три години со Хонда, британскиот тим го изгуби целото трпение со јапонскиот произведувач на агрегати. Оваа година започна соработка со францускиот коннцерн Рено. Иако заостануваа со вградувањето на моторот две недели, Ерик Булиер изјави дека сепак фатиле чекор со времето.



Можен, но не и дефинитивен изглед на болидот.


- Моторот на Хонда и моторот на Рено имаат значителна разлика во конфигурацијата и заради тоа моравме да го редизајнираме болидот но сепак успеавме да го надополниме заостанувањето. – истакна Булиер.


Тој истакна дека соработката со компанијата од Вир Шатојон е многу полесна што после мачењето со Хонда минатата година,  во 2018 година ова ќе биде големо олеснување и додаде: - Инсистирав да бидам на првиот брифинг кој го имавме со Рено. Сакав да бидам тука во случај ако нешто не разбираат и сега сум сигурен дека двете страни се среќни. Ќе ни треба некое време за адаптација но сега е многу рано за тоа да се зборува. Можиме да анализираме само од податоците на симулаторот. Кога ги внесовме во смулатор перформансите на моторот од Рено тој покажа подобрување за цела секунда. За кратко тоа ќе го провериме и на патеката.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 533 гласови (31%)

Не - 1174 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833