ОГЛАСИ

Поднесени кривични пријави, „Совест“ бара итно стопирање на активностите околу Али Пашината Џамија

Вести | Охрид | 07.02.2018 13:29Посети : 1368

Веднаш да престанат сите активности околу изградбата на Али Пашината Џамија, да се формира комисија која независно ќе ја испита целата процедура, да се почитува законот за заштита на културно наследство, бараат од здружението на граѓани „Совест“. Од здружението бараат и да се ангажира лабораторија за испитување на староста на ѕидовите, како и да се вклучи УНЕСКО.



Од „Совест“ информираат дека веќе се поднесени кривични пријави против градежниот државен инспектор, Управата за заштита на културното наследство и нејзиниот раководител, до екс директорката на Завод и музеј- Охрид, како и низа прекршочни пријави. Го повторија претходно изнесеното, дека целта на нивните активности е Али Пашината Џамија да стане културно наследство, а не да се вршат градежни зафати со кои се уништуваат значајни артефакти околу објектот, од кои некои датираат уште од бронзено време.



- Конечно вчера преку медиумите слушнавме еден издржан настап на министерот за култура, кој ако се реализира би требало да го расветли овој случај. Со една мала забелешка за тоа што министерот рече дека проблемот ќе се реши политички, а ние не разбираме–што значи културата да се решава политички. Ние зборуваме за зачувување на културното наследство и било какво сеење на верска, етничка или друга омраза е неприфатливо, вели претседателот на здружението, Михаил Трендафилов.



Од „Совест“ упатуваат и јавни критики до локалната самоуправа, особено советот на општина Охрид, како што велат, за инертноста во врска со случајот.


- Ние сме народот без кој нема да сте таму каде што сте, народот кој слепо верува дека ќе им се решат заедничките градски проблеми. Ние не сме совет, ние сме совест и од вас бараме да не бидете само бројка, да бидете свои, за сите да бидеме наши, за нашиот град, изјави Трендафилов.


Тој потенцира дека и покрај ветувањата на надлежните институции, градежните активности врз џамијата воопшто не биле стопирани.


Т.К.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833