ОГЛАСИ

Министерот за култура немал основа да ги запре работите кај Али Пашината џамија

Вести | Охрид | 07.02.2018 13:54Посети : 1176

По денешната прес конференција на здружението на граѓани „Совест“ со соопштение до јавноста се огласи и министерството за култура. Оттаму, информираат дека е формирана комисија од стручни лица, која ги испитува сите околности во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија.



- Работната група дојде до заклучок дека министерот за култура нема основа да ги запре работите, но ги охрабруваме сите надлежни институции да постапуваат доколку имаат индиции за прекршување на законските процедури, велат од министерството. Оттаму, додаваат дека работната група препорачала, а Министерството ќе достави барање до УНЕСКО за стручно мислење-дали е во склад со стандардите за заштита на градот да се реконструира објектот во такви димензии.

Министерството за култура нагласува дека нема ништо против обновувањето и заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги тука и верските објекти, но дека тоа треба да се спроведува во законска процедура, почитувајќи ги сите прописи и постапки што се однесуваат на заштитување на објекти со историско значење.

ПОтсетуваат дека слободата на вероисповед е загарантирана со Уставот на РМ, а дека заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги историските верски објекти без оглед на религијата на која и припаѓаат, е врвен приоритет.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1235 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833