ОГЛАСИ

Имаат контејнери пред зграда, фрлаат отпад од тераса

Вести | Охрид | 07.02.2018 18:23Посети : 2435

Членовите на неформалното еколошки движење „Чист Охрид“, денеска одржа акција покрај зградите наспроти поранешната фабрика „Отекс“, в долж улицата „7ми Ноември“. Локацијата беше избрана како приоритетна не само поради тоа што се работи за урбана средина на која има многу отпад на тревните површини, туку и од причина што се наоѓа во близина на меѓуградската автобуска станица и е една од првите, за жал срамни глетки за туристите кои доаѓаат во нашиот град, велат волонтерите од „Чист Охрид“. 




-Би сакале да изразиме загриженост за состојбата на локацијата. Од станарите добивме информации дека се фрла отпад од терасите, а беше забележително и дека оние станари кои пушат на своите тераси, без размислување ги фрлаат отпушоците во тревникот. Исто така мора да се истакне и фактот дека постојат два контејнери на оддалеченост од 2-3 метри од самиот тревник, но и покрај тоа, целиот тревник беше преплавен со ѓубре. Исто така, ситуацијата до самите контејнери е очајна, што може да се види и на фотографиите. Најдовме многу хартивчиња од чоколади и бонбони, парчиња најлон одамна во фаза на распаѓање, кабли, чевли... но она што најмногу нѐ загрижи е фактот што под самите тераси има и медицински отпад. - велат од „Чист Охрид“, од каде очекуваат надлежните служби да го остранат и соодветно одложат опасниот отпад.





Од „Чист Охрид“ сметаат дека е потребно да се зголеми хигиената на јавните површини во градот.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 583 гласови (31%)

Не - 1305 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833