ОГЛАСИ

ВМРО ДПМНЕ: Се' додека не се добие мислење од УНЕСКО да се стопираат градежните работи на Али-пашината џамија

Вести | Охрид | 07.02.2018 19:52Посети : 1171

ОК ВМРО ДПМНЕ - Охрид го повикува министерот за култура Роберт Алаѓозовски се' додека не се добие мислење од УНЕСКО да ги стопира градежните работи поврзани со Али-пашината џамија.


-Следејќи ја внимателно ситуацијата околу состојбите поврзани со Али-пашината џамија и изнесените ставови на граѓанското здружение „Совест“, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид максимално ја дава поддршката за разјаснување и бара веднаш да се издејствува стручно мислење од УНЕСКО. Актуелниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и покрај јавно дадениот збор, дека Министерството ќе ги прекине градежните работи, ништо не презеде тоа реално да се оствари, па дрзнувајќи се, го менува мислењето и кажува дека не може тоа да го направи и не било во негова надлежност.
Надлежните иснтитуции, Управата за заштита на културното наследство како и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да излезат на терен и веднаш да се вклучат во врска со активностите и изведувањето на градежните работи. - се вели во партиското соопштение.


Од ОК ВМРО ДПМНЕ - Охрид уште истакнуваат дека немаат ништо против заштитата на културното наследство, вклучувајќи ги тука и верските објекти од секоја вероисповед и нивно обновување, реставрација и конзервација, но тоа мора да се спроведе според Законот за заштита на културно наследство и според сите конзерваторски принципи за конзервација на еден објект.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1380 гласови (88%)

Не - 184 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833