ОГЛАСИ

Пливање, возење велосипед и трчање во еден ден во Охрид !

Спорт | Охрид | 08.02.2018 08:15Посети : 2363

На 15 и 16 септември во Охрид ќе се одржи Триатлон од меѓународни размери на кој учество ќе земат 300 натпреварувачи во шест категории од повеќе земји од регионов. Триатлонот кој е Олимписки спорт се состои од пливање, возење велосипед и трчање заедно и бара терен каков што може само Охрид да понуди.



Организиратори на Триатлонот во Охрид се Триатлон федерацијата на Македонија и Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ со поддршката од градоначалникот Јован Стојаноски кој се запозна со новата спортска понуда која ќе збогати Охрид.



- Подготвуваме настан кој понатака низ годините ќе прерасне во европски Куп. Ќе тежнемее спортскиот настан да расте од година во година и да биде традиционален во Охрид. - изјави претседателот на Триатлон федерација на Македонија, Иван Михајлоски.



Во периодот кој следува организаторите ќе ги финализираат првичните подготовките и ќе ја информираат јавноста за сите детаљи околу првото издание на Триатлнот во Охрид.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 549 гласови (31%)

Не - 1203 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833