ОГЛАСИ

Села бара од напаѓачите половина милион евра отштета

Вести | Македонија | 08.02.2018 13:06Посети : 889

Пратеникот Зијадин Села бара отштета од половина милион евра од напаѓачите што го претепаа во Собранието на 27 април минатата година. Неговиот адвокат, Абедин Абдули, денеска во кривичниот суд побара 30 милиони денари или 500 илјади евра за трошоците за лекувањето на Села, за физичката болка што ја претрпел, како и за повреда на личниот интегритет и претрпен страв.



Поради промена на две поротнички, судењето за обидот за убиство на Села почна од почеток.  Во овој случај обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски–Кобра.


На претходното рочиште, кое се одржа на 26 јануари, сите десетмина обвинети за обид за убиство се изјаснија за невини.


OhridNews
Макфакс

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833