ОГЛАСИ

Издавање само со согласност од станарите-предлог измени во законите за угостителска и туристичка дејност

Вести | Охрид | 08.02.2018 14:30Посети : 1900

Лиценцата за туристички водич да се обновува на период од три години, ограничени можности на туристичките агенции со лиценца А и Б, категории и ѕвезди на угостителските објекти зависно од условите, приватните станоиздавачи во колективна зграда да можат да издаваат само ако имаат согласност од совет на станари, паушална туристичка такса. Ова се дел од предложените измени на законите за туристичка дејност, угостителска дејност и туристичка такса, од страна на работната група при министерството за економија.



Со цел да се слушнат ставовите на засегнатите страни, деновиве, од страна на секторот за локален економски развој се одржуваат низа состаноци на кои хотелиерите, приватните станоиздавачи и туристички водичи имаат можност да го кажат своето мислење за предложените измени. 



- Се со цел да се избегнат сите недоследности и пропусти кои секој сектор поединечно смета дека ги има во овие закони. Пред засегнатите да ги презентираме предлог измените и регулативи, да слушнеме мислење за потоа да заземеме заеднички став, по што како член на работната група да ги пренесам во работната група, објаснува раководителот на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.


Откако ќе се подготват заклучоците тие ќе бидат доставени до владата, се до формирање на предлог закон кој понатаму треба да влезе во собраниска процедура.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1153 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833