ОГЛАСИ

СДСМ:Реконструкцијата на Али Пашината џамија е одобрена од претходната власт

Вести | Охрид | 08.02.2018 15:23Посети : 812

Како е возможно од ВМРО ДПМНЕ дури сега да се загрижат за она што се случува со Али Пашината џамија, кога реконструкцијата на овој објект е одобрена и започната токму додека тие беа на власт, а конзерваторските основи за истата, изработени токму од кадрите на ВМРО ДПМНЕ во надлежните институции, прашуваат од општинската СДСМ, по вчерашниот допис од ОК на ВМРО ДПМНЕ во кој се бара прекинување на активностите околу џамијата, додека не се добие став од УНЕСКО.



- Уништувањето на базиликата кое го споменуваат оди и ќе оди единствено на нивна совест, ако воопшто ја имаат. И после сето ова, ВМРО ДПМНЕ сега се дрзнува да бара разјаснување на она што се случувало со Али пашината џамија. Доколку им треба било какво разјаснување на ситуацијата, од ВМРО ДПМНЕ можат слободно да се обратат до поранешната директорка на Завод и Музеј, која потекнува од нивните редови. Истата, за она што се случува со Али пашината џамија, заработи и кривична пријава токму од Здружението на граѓани кое вчера беше споменато во нивното соопштение, а прекршочни пријави добија и останатите кадри на ВМРО ДПМНЕ кои се вклучени во случајот, велат од СДСМ.


Во однос на барањето на ВМРО ДПМНЕ, Министерството за култура да издејствува мислење од УНЕСКО за овие зафати, од СДСМ велат дека би било добро ако ВМРО ДПМНЕ се подобро информирани за да не изгледаат смешно пред јавноста.


- Министерот Алаѓозовски уште вчера попладне соопшти дека тоа ќе биде направено, велат од СДСМ.


Го повторуват изнесеното од министерството, дека правото на практикување на сопствената религија е Уставно загарантирано, но и дека заштитата на културното наследство на Република Македонија е врвен приоритет на Владата.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1240 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833