ОГЛАСИ

Охрид и регионот добија современ Центар за спасување на планина

Вести | Охрид | 08.02.2018 16:34Посети : 1449

Општина Охрид и регионот околу езерото, добија современ Центар за спасување на планина, единствен од ваков вид во Македонија и во поширокото опкружување. Центарот ќе биде опремен со најсовремена опрема за спасување, модерен оперативен центар, тренинг центар, простор за чување и одржување на опрема, специјално теренско возило за спасување и обучен кадар според препораките на меѓународната комисја за алпско спасување.




- Ќе биде изработена и посебна апликација за паметни телефони која ќе може да ја користат граѓаните за брзо повикување на помош при несреќи на планина и истата ќе биде поврзана со софтверот во оперативниот центар од каде многу лесно ќе се лоцира повредениот и ќе биде следена целокупната акција за спасување. Со тоа ќе бидат поставени темелите за развој на ефикасна служба за спасување што ќе ги направи Охрид и регионот значително побезбедна дестинација за авантуристички туризам, изјави градоначалникот Јован Стојаноски при денешната промоција на проектот.


Проектот „Регионот Охридско езеро- безбедна дестинација за авантуристички туризам“ е финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка, а го спроведуваат Општинската организација на Црвен крст и националниот Центар за животна средина, туризам и одржлив развој од Поградец.



- Основен предуслов за развој на авантуристички туризам е безбедноста. Безбедноста е клучна и за поединците, но пред се за организираните групи, кои сакаат да ги развиваат своите дестинации и пазари. По дефиниција самата активност е високоризична и покрај сите преземени мерки понекогаш се случуваат несакани последици, вели Антонио Додевски, носител на проектот.   

Проектот предвидува и голем број работилници со домашни туроператори, агенции и останати туристички работници со цел нивно запознавање со новоформираната служба и нејзиното значење за безбедноста и управувањето со ризиците во авантуристичкиот туризам.



По успешно спроведените проектни активности, општина Охрид и регионот значително ќе ги зголемат капацитетите за привлекување на странски туристи, ќе се зголеми бројот на посети, ќе се продолжи туристичката сезона, што ќе иницира значителен економски раст на дестинацијата, велат учесниците во проектот.


Вкупен буџет на проектот е 415.000 евра.


Т.К.


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1240 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833