ОГЛАСИ

Новата сезона ќе донесе коренити промени во ЖРК Вардар

Спорт | Македонија | 08.02.2018 16:53Посети : 590

Новата сезона ќе донесе коренити промени во играчкиот кадар во Женскиот ракометен клуб Вардар. Актуелниот македонски шампион шанса од следната сезона ќе им даде на ракометарките од младинскиот погон, а сегашните ќе бидат ослободени од обврските односно имаат зелено светло да бараат нов клуб.



- Од септември клубот ќе настапува со играчи од сопствениот погон, млади ракометарки од школите на Вардар. Планираме со нив да се работи на подолг рок, да им се наметне амбиција и во иднина тие да станат дел од македонската репрезентација за ЕП во 2022 година. Тоа е мотив и предизвик за нас. - изјави Извршниот директор на Вардар, Гордана Нацева.



„Црвено црните“, без разлика на промената на курсот од следната сезона оваа атакуваат на тронот од Лигата на Шампиони. Во досегашните мечеви од ЛШ ракометарките на Вардар имаат стопроцентен учинок и се помеѓу најголеми фаворитки за титулата.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1234 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833