ОГЛАСИ

Нова авио линија Варшава-Скопје

Вести | Охрид | 09.02.2018 12:05Посети : 1004

Почнувајќи од 1-ви јуни, ЛОТ Полиш ерлајнс ќе ја воведе првата директна авиолинија од Варшава до Скопје, објавуваат заедно ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс.
Летовите на оваа линија ќе сообраќаат речиси секој ден, односно 6 пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на ЛОТ, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти.



Ембраерите на ЛОТ секој понеделник, среда и петок ќе полетуваат од Аеродромот „Шопен“ во Варшава во 10:35 часот за да пристигнат во Македонија во 12:40 часот. Патниците на летот од Скопје за Варшава ќе заминуваат во 13:20 часот. Секој вторник, четврток и сабота летот од Варшава е закажан да полета во 14:25 часот, а да слета во Скопје во 16:30 часот. Поаѓањето од Скопје е планирано да биде во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава е во 19:15 часот.

Летовите до Македонија ќе се опслужуваат со Ембраер 170 и 175. Во зависност од типот на воздухопловот, ќе има 70–82 седишта достапни во три класи: економска, премиум-економска и бизнис класа.

Распоредот на летови е креиран така што патниците кои што патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за конекции од Аеродромот Шопен во Варшава до, меѓу останатите и, дестинации во Соединетите Американски Држави (ЈФК или Њуарк, Лос Анџелес, Чикаго), Канада (Торонто) и Западна Европа, на пример Скандинавија. Трансферите на ЛОТ преку центарот во Варшава, до ЈФК, Чикаго или Лос Анџелес, почнуваат за само 80 минути од пристигнувањето на аеродромот во полската престолнина.

ЛОТ моментално лета до вкупно 12 дестинации на Балканот. Освен до Скопје и Подгорица, во текот на летната сезона авиокомпанијата исто така ќе лета и до: Дубровник (нова конекција што ќе почне сообраќање од мај – шест летови неделно), Загреб (зголемување на фреквенцијата од 10 на 14 летови неделно), Сплит (два лета неделно), Пула (еден лет неделно), Задар (два лета неделно), Белград (зголемување на фреквенцијата од 9 на 11 летови неделно), Љубљана (зголемување на фреквенцијата од 6 на 7 летови неделно), Софија (19 летови неделно), Букурешт (3 лета дневно) и Клуж-Напока (6 летови неделно).


OhridNews



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833