ОГЛАСИ

Конкурс за инфраструктурна поддршка на младите спортисти

Вести | Охрид | 09.02.2018 15:00Посети : 600

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ објавува конкурс за проектот: Инфраструктурна поддршка на младите и талентирани спортисти на територија на Општина Охрид.
Право на учество имаат сите спортски клубови од индивидуалните спортови кои се на територија на Општина Охрид.



- Јавото претпријатие во минатите неколку месеци ја согледа потребата за поддршка на спортските клубови во делот на користењето на инфраструктурата, а се со цел да им се овозможат подобри тренажни услови на најмладите и најталентираните спортисти. Поддршката која сакаме да ја овозможиме со овој конкурс е бесплатно користење на спортската инфраструктура (два термини неделно) која ја поседува СРЦ Билјанини Извори и тоа во текот на целата календарска година. Термините дополнително ќе се договорат заедно со избраните корисници од овој конкурс. Со јавниот повик за учество на конкурсот ЈП Билјанини Извори вложува во иднината на сегашните и идни генерации на спортисти и сака да постане активен поддржувач и пријател на спортските клубови. Убедени сме дека во иднина соработката уште повеќе ќе се интензивира на задоволство пред се на спортистите, велат од претпријатието.


Конкурсот е наменет за сите талентирани деца членови на клубовите на возраст до 16 години ( заклучно со последниот ден на конкурсот) кои имаат остварено забележителни резултати и успеси на националните и меѓународните првенства и натпревари.


Конкурсот ќе трае 5 работни денови почнувајќи од понеделник 12. 02 така што последниот ден за аплицирање е петок 16. 02 до 15 часот. Сите клубови кои сакаат да аплицираат и учествуваат на конкурсот треба да достават официјален предлог со приложено портфолио на кандидатот/тите, потпишан и заверен од страна на клубот и да го достават во горенаведениот рок во дирекцијата на ЈП Билјанини Извори, спортска сала Билјанини Извори.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1153 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833