ОГЛАСИ

Грантови во вредност од 400 000 долари за Охрид и уште пет општини

Вести | Охрид | 09.02.2018 23:12Посети : 1926

Градоначалниците и претседателите на советите на шесте општини: Струмица, Валандово, Свети Николе, Велес, Чаир и Охрид во присуство на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, министерот за финансии Драган Тевдовски , амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон денеска потпишаа Меморандуми за соработка, во рамките на Проектот за зајакнување на општинските совети.



- Овој проект се реализира во време кога им е најпотребен на членовите на општинските совети, на почетокот на мандатот. Значаен е затоа што за прв пат е посветено сериозно внимание на Советот на општината, орган, кој што има исклучителна улога како контролен механизам на работата на градоначалникот, но и за развојот на локалната демократија, преку претставување на интересите на граѓаните, во консултација со граѓаните, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.


Покрај обуките на членовите на советите, проектот обезбедува грантови во вредност од 50 000 долари за секоја општина, за реализација на проекти кои што ќе бидат одбрани во консултација со граѓаните. Исто така се обезбедени и грантови во вредност од 12 000 долари за општина, за развивање на алатки за транспарентно и отчетно работење.



- Нашето мото е Министерство отворено за општините и општини отворени за граѓаните. На локално ниво се градат основните демократски вредности, локалната демократија е услов за градење на демократско општество. Токму затоа членовите на советите треба да се луѓе кои што се отворени кон граѓаните со разбирање на сопствената улога во системот на управување и со информации кои што ќе им помогнат да ја вршат својата функција на одговорен и транспарентен начин, рече министерот Фазлиу.


Во првата фаза од Проектот, финансиран од Швајцарската Влада, во имплементација на УНДП, се опфатени шест а до крајот вкупно 24 општини.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833