ОГЛАСИ

Премиерот добивал смртни закани

Вести | Македонија | 09.02.2018 23:36Посети : 1837

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во изминатиот период документирал и процесуирал триесет случаи во коишто, преку социјалните мрежи, на носители на државни функции во РМ, им е загрозена сигурноста, како и случаи каде што се злоупотребени нивните лични податоци.


МВР соопшти дека се детектирани шест кривични дела за закани кон претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев.


-Истите се документирани, со соодветни известувања до ОЈО и обезбедени Наредби до социјалната мрежа “Фејсбук“. Притоа од посочените шест кривични дела откриено е лице кое се сомничи за сторено кривично дело - “загрозување на сигурност“ (казниво по член 144, став 3 а в.в. став 1 од КЗ на РМ), а се однесува на регистирана објава на еден македонски веб портал, по претходно објавена статија на социјалната мрежа “Фејсбук“, која што во вид на закана е упатена до претседателот на Владата на РМ. Во случајот осомничениот за кривичното дело е откриен во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, со социјалната мрежа “фејсбук“, како и со Интерпол-Берн (Швајцарија) и еден интернет провајдер од Швајцарија. По целосно документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното ОЈО. - информира МВР.

Министерството за внатрешни работи на ист начин постапува по сите доставени пријави за закани за загрозување на безбедноста и сигурноста на сите граѓани. Сите пријави соодветно се примаат и се документира пријавената содржина. Дополнително по доставено известување до надлежен јавен обвинител, јавниот обвинител издава наредба до меѓународниот интернет сервис провајдер за добивање на дополнителни податоци за идентификација на сторителот, појаснуваат од МВР.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1404 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833