ОГЛАСИ

ЕК ќе ја преиспитува одлуката за летното сметање на времето

Вести | Свет | 09.02.2018 23:54Посети : 660

Европската комисија е подготвена да се осврне на прашањето за промената помеѓу летното и зимското сметање на времето, изјави нејзиниот портпарол,Мина Андреева во Брисел, пренесува „Макфакс“.

„Ќе ги разгледаме предностите и недостатоците од евентуалната промена, врз основа на факти и консултации со Европскиот парламент. Националните парламенти исто така се обврзани да го изразат своето мислење“, рече Андреева.



Со 384 гласа „за“ вчера пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинувње на летното сметање на времето. Против укинување гласаа 154 европски пратеници. Сепак, нивната одлука не може да стапи во сила без согласност од Европската комисија, која ќе треба да го даде последниот збор.

Од 1996 година граѓаните на земјите од ЕУ ги поместуваат часовниците за еден час нанапред во последната недела на март и еден час наназад во последната недела од октомври.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците беше поведено од страна на Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативното влијание од праксата. Парламентарците што се согласуваат со укинувањето наведуваат дека истражувањата покажале оти една петтина од популацијата страда од здравствени проблеми поради зимското и летното сметање.

Освен негативното влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање веќе е укинато во Русија, Турција, Белорусија и во Исланд.


OhridNews
извор: „Макфакс“

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833