ОГЛАСИ

Македонскиот филм „Исцелител“ добитник на награда за најдобар филм во Санта Барбара

Живот | Филм | 10.02.2018 23:34Посети : 557

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески е добитник на награда за најдобар филм на престижниот филмски фестивал во Санта Барбара, Калифорнија во Соединетите Американски Држави.



Филмот се натпреваруваше во интернационалната селекција заедно со уште 11 филма меѓу кои и: номинираниот за Златна палма на Кан минатата година, францускиот „Двоен љубовник“, добитникот на специјална награда на венецискиот филмски фестивал, францускиот „Редот на нештата“ и номинираниот за најдобар филм на Карлови Вари, косовскиот „Непожелен“.

„Ви благодарам Санта Барбара за прекрасната награда. Ми претставува огромна чест што името на нашиот филм е таму заедно со наградените актери и познатите филмски автори. Но и покрај сите ваши обиди, сепак не можам да ви го кажам рецептот за исцелителниот колач.“ – шеговито изјави режисерот Ѓорче Ставрески по повод доделувањето на наградата.

Фестивалот во Санта Барбара го посетуваат најголемите и најактуелни холивудски, но и светски филмски ѕвезди и автори кои добиваат признанија за својата работа. Оваа година, покрај Сем Роквел, Сирше Ронан, Марго Роби и Алисон Џени, со специјални награди се закитија и Кристофер Нолан, Грета Гервиг, Гиљермо дел Торо, Џордан Пил, Пол Томас Андерсон, и други, а еден од презентерите беше ѕвездата на филмот „Викај ме по твоето име“ – Тимоти Шаламе.

Проекцијата во Санта Барбара беше воедно и американска премиера на „Исцелител“. На фестивалот имаше вкупно три проекции сите проследени со огромен интерес од публиката. Во 33 годишното постоење на фестивалот во Санта Барбара, ова е прв македонски филм, добитник на награда.

Филмот од својата премиера до сега, за само три месеци, освои три награди и учествуваше на 7 меѓународни фестивали. „Исцелител“ минатата недела ја имаше својата премиера во Кичево во домот на култура, Кочо Рацин. Филмот веќе единаесета седмица се прикажува во кината во Скопје, а досега имаше и проекции во Битола, Штип и Кочани. Во Македонија досега го погледнаа повеќе од 11,000 гледачи.

Главните улоги во филмот „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Диме Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1332 гласови (88%)

Не - 174 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833