ОГЛАСИ

Говорот на омраза не смее да се поистоветува со слободата на изразување

Вести | Охрид | 11.02.2018 19:25Посети : 951

Говорот на омраза не смее да се поистоветува со слобода на говорот, предупредуваат новинарите. Тие не се задоволни од реакцијата на институциите во случаите на јавни навреди и дискредитации на медиумски работници, кои и покрај покренатите постапки немаат институционална разрешница.


-Јас мислам дека новинарите и јавноста го препознаваат говорот на омраза, затоа што го среќаваат насекаде, во говорот на политичарите, на социјалните мрежи, на графитите по улици и ѕидови. Меѓутоа, не е работата ние да го препознаваме, тоа треба да го препознае Јавното обвинителство и да се охрабри да поведе постапки затоа што се до сега тие на некој начин не обрнуваа внимание на говорот на омраза, правдајќи се дека е многу тенка линијата помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза и на тој начин охрабрија одредени структури, кои не можам да ги наречам ниту новинари ниту колеги, туку структури од новинарското подземје, слободно да дискфалификуваат луѓе, да навредуваат, да уништуваат судбини, и сето тоа да остане неказнето. Ова трае со години и е прилично разочарувачки, бидејќи не само што немаме осуда на говорот на омраза, немаме ни осуда и на најразличните форми на дискриминација кои се јавуваат во нашата земја по различни основи, политичка, сексуална, верска или друг вид на дискриминација. - вели новинаркара Гордана Дувњак.  



Новинарот Зоран Фиданоски смета дека неказнувањето на говорот на омраза придонесе оваа крајно негативна појава да ескалира до размери кои се непоимливи за едно општество што претендира да биде дел од европската зедница. Вина за тоа сносат и самите медиуми кои потикнуваа или дозволуваат на нивната програма да го има говорот на омраза, вели Фиданоски.


- Прво што треба да се направи е да се прекине со праксата на неказнивост на говорот на омраза, а второ да се зголемат ингеренциите на институциите, пред се мислам тука на Јавното обвинителство  кое што до сега не покажа ни волја ни интерес да го санкционира тоа. Тие чекаа конкретни пријави за да реагираат, ако реагираат најчесто тие завршуваа во корпа за отпадоци. Мора да се реагира по допрен глас и тоа веднаш. На тој начин во голема мера ќе се намали говорот на омраза. - додадава новинарот Фиданоски.



За да се надминат ваквите состојби Здружението на новинари на Македонија -ЗНМ и јавното обвинителство започнаа дијалог во рамки на кој викендов во Охрид се одржа заедничка обука, која на медиумските работници треба да им помогне да ги прошират своите знаења каде завршува слободата на говорот, а каде почнува говорот на омраза. 


- Само добро обучени и информирани новинари за своите права и одговорности можат професионално да ја обават новинарската професија. Исто така праксата на Европскиот суд може да им помогне да не прават грешки и да не ги прекршуваат правата на другите. - истакна претседателот на ЗНМ Насер Селмани. 



Приоритет и на новинарите и на правосудството треба да виде заштитата на принципите содржани во конвенцијата за човекови права, врз што се темелат европските вредности, кои во новата дигитална ера се ставени пред вистински тест, вели амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние.


- Пред нас се исправува Интернетот како нова форма на изразување и информирање, што е особено значајно во слободата на изразувањето и затоа има потреба од новинари кои професионалните активности ќе ги извршуваат согласно етичките норми и кодекси. Секако тука е и потребата од соодветно однесување и на судиите, обвинителите, правниците, инаку постои ризик таквото информирање да стане џунгла, рече тој. 



На собирот во Охрид, кој се оджа во организација на ЗНМ со поддршка на фондацијата Конрад Аденауер, беше заклучено дека има потреба од почести директни средби меѓу претставниците на медиумите и јавното обвинителство заради подобрување на комуникацијата во работењето, со цел правилно информирањето на граѓаните и заштита на јавниот интерес.


Г. Момироски

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 533 гласови (31%)

Не - 1174 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833