ОГЛАСИ

Кирон Дајер ги откри причините за тепачката со Ли Бојер во Премиер лигата (видео)

Спорт | Свет | 12.02.2018 10:11Посети : 537

Тепачката помеѓу Кирон Дајер и Ли Бојер кои заедно играа за Њукасл на дуелот со Астон Вила е еден од моментите кои останаа запеметени во Премиер лигата. Дајер во автобиографијата која ќе излезе наскоро објасна како и зошто се случил инцидентот.




- Целата мешаница настана за една топка која не му ја додадов на Бојер, туку на друг соиграч за кој мислев дека има подобри опции. Бојер, првично викаше зошто не сум му ја додал топката, а потоа почна да ме вреѓа. После неколку сочни пцовки, јас му вратив и се случи тоа што најмалку посакував јас и сите искрени љубители на фудбалот. Гневот го забележав во неговите очи одма само што тргна кон мене. Менаџерот Грем Сунес почна да вика кон кон Бојер да не го прави тоа, но тој веќе ја имаше изгубено главата и ме удри четири пати пред 52 000 гледачи. Првично не сакав да му вратам за да се смири ситуацијата, но од последниот удар почуствував голема болка и му вратив еднаш. Во таа мешаница не помогна ниту Герет Бери кој настапуваше за Астон Вила, бидејќи Бојер сакаше да продолжи да се тепа со мене. Очекувано, судијата ни додели црвени картони и не испрати во соблекувалните, а таму ми се чини дека имаше повеќе обезбедување одколку на целиот терен. - стои како објаснување во книгата на Киран Дајер.


 


Поранешниот англиски репрезентативец во автобиографијата истакна дека игрите на среќа биле главниот проблем десеттина години во националната селекција кои знаеле да траат и доцните часови во ноќта. Најпасиониран љубител на игрите на среќа бил Мајкл Овен кој му бил и цимер на Дајер неколку години во собирите на англиската репрезентација.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1412 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833