ОГЛАСИ

Охридско лето доби помалку пари од предложениот буџет за фестивалот

Вести | Охрид | 13.02.2018 07:00Посети : 1018

Националната установа фестивал „Охридско лето“ наместо 53 милиони денари, колку што побарала од Министерството за култура, ќе добие 23 милиони денари или околу 374 илјади евра. Толку е предвидено со Програмата за културно - уметнички манифестации за 2018 година, што деновиве јавно ја презентираше министерот за култура Роберт Алаѓозоски. Се очекува во наредниот период фестивалот да ја објави програмата за 58-то издание кое ќе се одржи во вообичаениот термин од 12 јули до 20 август.



Инаку, во рамки на годишната програма на Министерството за култура од областа на инвестиционото и техничкото одржување на објектите и опремата во државна сопственост, од буџетот ќе бидат издвоени 1.4 милиони денари за санација и тековно одржување на летната сцена „Долни Сарај“ со која стопанисува Националната установа Охридско лето.



Од истата програма градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе добие десет пати помалку средства, или 140000 денари, кои ќе бидат наменети за набавка на ПП апарати.


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833