ОГЛАСИ

Ракометот во Охрид има светла иднина

Спорт | Охрид | 13.02.2018 08:13Посети : 1877

Машкиот и женскиот ракомет во Охрид што се однесува до стручниот кадар имаат светла иднина, откако Билјана Богданова Смилеска со успешен поминат втор модул им се придружи на Филип Јованоски, Наум Бабачев, Атанас Поп-Стефанија и Александра-Сани Џамтоска кои веќе го имаат овој степен во тренерскиот занает.



Богданова-Смилеска втората половина од вториот модул ја помина во Дојран изминатиот викенд заедно со уште 13 тренери помеѓу кои беа Наумче Мојсоски, Раде Стојановиќ, Андријана Будимир...


- Искуството е прекрасно и чувството да се дружиш и разменуваш искуства со ракометари кои биле дел од репрезентацијата е бесценето. Овој семинар ми беше еден од најдобрите, бидејќи се разви дебата како никогаш до сега. - изјави Богданова-Смилеска која како тренер и претседател работи во ЖРК Лихнид.



Следен предизвик за четирите млади тренери е третиот модул, кој, ќе им овозможи да седнат на клупата од некој супелигаш, а палката во Ракометниот клуб Охрид сигурно е остварување на соништата.


Мх.П.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 559 гласови (31%)

Не - 1239 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833