ОГЛАСИ

Амандин Лејно се договори со Ѓер

Спорт | Македонија | 13.02.2018 08:34Посети : 207

Францускиот чувар на мрежата Амандин Лејно дресот на Вардар ќе го замени со оној од Ѓер, откако двете странија договорија соработка која ќе започне следната сезона. Лејно со унгарскиот шампион потпиша договор на една година со опција за продолжување на уште една.



- Овој клуб ми значи многу, бидејќи е најдобар во ракометната историја. Секој сонува да настапувa покрај вакви соиграчи. Ми се укажа голема шанса и среќна сум што ќе бидам дел од Ѓер. - изјави Лејно.

Французинката официјално е трета ракометарка која ќе се збогува од „црвено црниот“ дрес. Претходно, повлекување од ракометот најави Андреа Пенезиќ, а Александра Лакребре се враќа во родната Франција.



Женскиот ракометен клуб Вардар кој последниве сезони е редовен учесник на завршниот турнир во Лигата на Шампиони ќе го смени курсот и од следната сезона ќе се натпреварува со ракометарки од својот погон, што значи дека заминувањата од „Јане Сандански“ ќе продолжат.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1406 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833