ОГЛАСИ

Маестрален семинар на Гранд Мастер Ким Унг Чол во Охрид

Спорт | Охрид | 13.02.2018 09:18Посети : 377

Во Домот на културата во Лескоец во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол-црн појас деветти дан.



Пред учесниците на семинарот професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники. Овие техники според тренерот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лаза-ревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.




- Одржавме технички семинар за теквондо итф со професор Гранд Мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо ИТФ. Професорот несебично ни го пренесе неговото искуство и неговото знаење, кое ќе ни е потребно за натпреварувањата кои ни престојат оваа година. Можеме да кажеме дека овој семинар ни беше повеќе од потребен и исто така имавме можност да ни биде претсавена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско Теквондо ИТФ првенство во Талин Естонија. - истакна Марјанчо Лазарески.



Семинарот се одржа во два дена, во саботата се работеше во два термини, со почеток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот каде теквондистите ги усовршуваа своите техники, додека во неделата после тренингот од 10-12 часот имаше полагања за црн појаси пред угледниот професор. Македонија од овој семинар излезе со нов носител на црн појас, Василија Јовчески се закити со црн појас –прв дан. Со овој настан таеквондистите од Лескоец и официјално ги започнаа своите активности за 2017 година.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833