ОГЛАСИ

Вистинските возбудувања започнуваат во Лигата на Шампиони

Спорт | Свет | 13.02.2018 09:51Посети : 305

Со првите натпревари од осминафиналето започнуваат вистинските возбудувања во Лигата на Шампиони. Завесата во нокаут мечевите ќе ја кренат Базел - Манчестер Сити односно Тотенхем - Јувентус во стандардниот термин 20 часот и 45 минути.



Лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити е голем фаворит за пласман во ТОП 8 на стариот континент, но ќе треба тоа го потврди во двомечот со швајцарскиот состав кој често знаел да изненади фаворити кои доаѓаат од колевката на фудбалот.


Повеќе внимание привлекува сударот помеѓу Јувентус и Тотенхем. Лондонските „петли“ со победите над Манчестер Јунајтед и Арсенал во Премиер лигата покажаа дека можат да се носат со поквалитетните екипи, а токму италијанскиот првак ќе биде вистински испит.

- Јувентус е една од ретките екипи во светот што има комплетен состав од голманската до голгетерската позиција на теренот. Нам ќе ни биде голем предизвик да се надигруваме и да ги одмериме силите со клуб каков што е Јувентус. - рече менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.

Утрешниот ден ќе донесе нови две пресметки, а ќе се сретнат Порто - Ливерпул односно Реал Мадрид - Пари Сент Жермен.

Двојки:

(20:45ч): Базел - Мен Сити

(20:45ч): Јувентус - Тотенхем


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833