ОГЛАСИ

Кривична пријава за охриѓанец кој нападна полицаец

Вести | Охрид | 13.02.2018 11:54Посети : 1941

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста”, СВР охрид поднесе кривична пријава против 28-годшен охриѓанец, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.



Пријавениот, казнените дела ги сторил на осми овој месец во 20 часот и 20 минути во Охрид на пресекот на раскрсницата од кеј „Македонија“ со улица „Јане Сандански“ каде, униформирани полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Охрид вршеле работи од безбедноста во патниот сообраќај. Притоа било запрено патничко моторно возило „Опел тигра“ со охридски регистарски ознаки управувано од сега пријавениот. При обид да биде извршена контрола на возачката документација, лицето почнало да вика на висок тон и да биде агресивен и во еден момент физички нападнал униформирано службено лице-приправник за полицаец.


OhridNews      


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1357 гласови (88%)

Не - 179 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833