ОГЛАСИ

Формиран „Охридски музички еснаф“

Вести | Охрид | 13.02.2018 13:28Посети : 2105

Во Охрид се одржа основачко собрание на здружението на музичари на Охрид и Струга „Охридски музички еснаф“, во кое членуваат околу 80 музичари од двете општини.
За претседател на здружението е избран Игор Бежаноски, кој истакнува дека основната цел поради која е основано здружението е заштита и унапредување на условите за работа на музичкиот еснаф.




- Здружението има цел активно да се вклучи во културните збиднувања во Охрид, Струга и пошироко, а ќе делува во насока на заштита и промоција на охридската староградска музика, вели Бежаноски.




На собранието беа избрани органи и тела на здружението. Донесен е статут, програма за работа за 2018 година, а се формира и извршен одбор од 30 членови и претставници на музички групи и самостални уметници.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1236 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833