ОГЛАСИ

Продолжуваат мечевите во Првата МФЛ

Спорт | Македонија | 13.02.2018 15:20Посети : 201

Во среда со почеток во 14 часот ширум терените во нашата земја ќе продолжат натпреварите од Првата македонска фудбалска лига. Првото коло од втората полусезона ќе донесе една мега пресметка помеѓу есенскиот шампион Шкендија и бранителот на трофејот, Вардар и соседско дерби помеѓу Победа и Пелистер. 



Шкендија составот на Вардар во дерби средбата ќе го пречека на домашен во терен Тетово. Со триумф тетовчани ќе создадат двоцифрена предност на табелата и во голема мера ќе го решат шампионот во првенство. Реми го остава Вардар во игра, а победа комплетно ќе го врати актуелниот првак во одбрана на титулата.


Пелагониското дерби помеѓу Победа - Пелистер ќе се одигра во Турново на „Кукуш“ стадионот и ќе го изгуби целиот шмек, бидејќи двата клуба имаат неверојатна поддршка од навивачите во овие мечеви. Сепак, далечината нема да биде пречка и вистинските симпатизери ќе ги бодрат екипите без разлика каде се игра натпреварот. 



Двојки 19.коло: Шкендија - Вардар, Силекс - Скопје, Работнички - Ренова, Шкупи - Академија Пандев, Победа - Пелистер.

Табела: Шкендија 46, Вардар 38, Силекс 31, Академија Пандев 25, Работнички 23, Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1407 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833