ОГЛАСИ

Стартуваа подготовките за ракометниот камп на „Кирил Лазаров 7“ во Охрид (видео)

Спорт | Охрид | 13.02.2018 15:44Посети : 212

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на капитенот на македонскиот национален тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров. Како што беше тоа случај и претходните години, Кирил и ова лето е подготвен да одвои време, подготвен е целото негово знаење кое го стекнал во својата пребогата спортска кариера да го пренесе на младите во нашата Македонија. Седум дена поминати во тренинг со Кирил Лазаров и неговиот тим од тренери, седум дена дружење, едукација, квалитетна надградба во секоја смисла е најдобро поминато слободно време за нашите млади ракометари и оние кои сакаат да бидат тоа. Млади спортисти кои во иднина треба да прераснат во врвни ракометари и добри личности. 



- Задовоство и чест ми е да го најавам стартот на подготовките и пријавувањето за четвртото издание нашиот ракометен камп. Изминатите години поставивме високи стандарди во организација на самиот камп од секој аспект и ќе биде многу тешко во иднина да ги следиме и дополнително да ги надоградиме. Ќе се обидеме оваа година да бидеме поиновативни, по креативни, поквалитетни како во спортскиот така и во делот за едукативните предавања и организацијата на слободното време на нашите кампери. - изјавува Лазаров.



Изминатите три години на кампот на најдобриот стрелец во историјата на ракометот поминаа повеќе од 700 учесници, голем дел од Македонија но и кампери од Босна, Данска, Шведска, Романија, Србија, Словенија, Црна Гора, Хрватска, Шпанија и Франција. Насмевката на нивните лица, задоволството кај нивните родители е најголема награда и сатисфакција за вложениот труд и посветеноста на тимот на Лазаров. 



- Радува фактот на исклучително големата заинтересираност за овој настан годинава и тоа не прави да се чувствуваме горди, но од друга страна и многу поодговорно да пристапиме на организацијата на кампот кој и оваа година ќе се одржи во прекрасниот Охрид. Да бидам искрен, со нетрпение го очекувам јуни и нашето ново другарување, седум дена каде што ќе тренираме и учиме ракомет, каде ќе бидеме позитивни, поставуваме нови цели, ќе се едуцираме што значи здрава и правилна исхрана, развиваме тимски дух и дисциплина, како предуслов за успех во спортот и во животот. – дополнува нашиот најдобар ракометар, кој е носител на проектот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“. 



Кампот и оваа година ќе се одржи во Охрид, во спортскиот комплекс на хотелот „Аквалина“, во две смени стартувајќи од 20 Јуни до 02 Јули 2018 година. Организаторот на кампот, агенцијата „КМГ Спорт“ информира дека покрај седум дена тренинг со Капитенот, тимот тренери и гости од нашата земја и странство, секое дете од Македонија учесник на кампот има обебедено превоз до и од местото на одржување на кампот, медицински преглед во „Жан Митрев Клиник“, комплет опрема од данскиот произвоител ХУМЕЛ, комплетно здравствено осигурување, сместување во хотел од висока категорија и 24-часовен мониторинг од медицински тим. 

Сите заинтересирани повеќе информации ќе најдат на официјалните медиуми на кампот, нивната Веб страна www.kl7.mk и фејсбук страната www.facebook.com/handballcampkirillazarov7


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833