ОГЛАСИ

Обновено: Укината забраната за лесни возила на Буково, за тешки товарни возила се уште во сила

Вести | Охрид | 13.02.2018 15:59Посети : 3322

17.30 Забраната за лесни товарни возила на планинскиот премин Буково, која беше воведена попладнево поради обилните врнежи од снег, е укината, информира СВР Охрид. На сила останува забраната за тешки товарни возила на овој патен правец.


-Сообраќајот на патниот правец Буково е нормализиран за патнички автомибили, но се уште важи забраната за тешки товарни возила. Екипи на СВР Охрид остануваат на терен. - информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.



Охридската полиција го контролира сообраќајот на Буково


Поради обилните снежни врнежи на подрачјето, СВР Охрид презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила и кон планинските премини „Пресека“ и граничниот премин „Ќафасан“.


-  Полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен. На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила. - потенцира Димовски.


Надлежните воедно потсетуваат дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема.


Поради снежните врнежи автобускиот сообраќај кон и од Охрид се одвива со задоцнување, но засега нема откажувања, информира најголемиот автопревозник кај нас АД „Галеб“ Охрид.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1357 гласови (88%)

Не - 179 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833