ОГЛАСИ

Општина:Поскапување на водата е побарано во време кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ

Вести | Охрид | 13.02.2018 16:19Посети : 875

Постапката за повисока цена на водата за пиење е почната и речиси завршена  во време кога на власт во Охрид беше ВМРО-ДПМНЕ. Токму поради тој факт, наместо со невистини да им се додворувате на граѓаните, соберете храброст да ја признаете вината и да  кажете дека претходното раководство на РЕ „Водовод“ под менторство на челниците на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, процедурата за поскапување на водата ја започнало на почетокот на 2016 година, а Регулаторната комисија донела решение кое сега мора да го применува новото раководство, се наведува во реакцијата на локалната самоуправа по вчера изнесените обвинувања од општинската ВМРО ДПМНЕ околу повисоките цени на водата.



Како што наведуваат од локалната самоуправа, согласно Законот за утврдување на цени на водни услуги од 18.012016 година е започната целата процедура која денес налага зголемување на цената за вода.


- На 16.09. 2016 година од Регулаторната Комисија за енергетика до РЕ Водовод–Охрид е доставено писмо за достава на завршна сметка на кое писмо одговорил тогашниот директор на претпријатието, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Томе Паскаловски. По негова наредба на 23. 03. 2017 година е издадена наредба за формирање Работна група за подготовка на тарифи за вода. На седница на Регулаторната Комисија за енергетика е подготвена дефинитивната верзија за методологијата за определување на тарифи за вода. Во месец септември  2017 година  кога со претпријатието  се уште директорувал  Паскалоски, до Регулаторната комисија за енергетика доставен е сработен бизнис план за 2018 година и тарифи за вода, се наведува во реакцијата.


Од локалната самоуправа додаваат дека актуелниот в.д директор, Владимир Алексијоски, по преземањето на функцијата на во ноември, веднаш испратил до Регулаторната  комисија за енергетика, Приговор за тарифите за вода кој не е прифатен. На 24. 11. 2017 година било донесено решение за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на МЈП „Проаква“–Струга, РЕ „Водовод“-Охрид за регулиран период 2018-2020.


- Управниот одбор на МЈП „Проаква“, поради почитување на решението на Регулаторната комисија на 22. 12. 2017 година донесува одлука за утврдување на тарифа за вода, а една недела подоцна таа е ставена на гласање пред советниците на Општина Охрид. Давателот на услугата е должен, без одлагање и не подоцна од 15 дена од денот на објавување на решението за утврдување на тарифа, кое го донесува Регулаторната комисија за енергетика, да го достави до органот на управување на давателот на водната услуга заради донесување одлука за утврдување на тарифи за вода, стои во реакцијата.


Доколку не е дадена согласност на одлуката за утврдување на тарифа за водна услуга во рок од 150 дена од денот на објавување на Решението за утврдување на тарифата за водна услуга во „Службен весник“ на Република Македонија, Регулаторната комисија за енергетика сама ќе донесе решение за започнување постапка за донесување Регулаторна тарифа за водна услуга.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1396 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833