ОГЛАСИ

Обновено: Влажен снег ги окова охридските улици, комуналните служби на терен

Вести | Охрид | 13.02.2018 20:18Посети : 2761

Влажниот и студен бран кој денеска го зафати регионот предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот и го отежна секојдневието во градот. И покрај променливите врнежи, час од дожд, час од снег, вечерва е формирана снежна покривка во Охрид која засега изнесува околу десет сантиметри. Снегот е влажен што предизвикува дополнителни проблеми.



На терен се екипи на јавното комунално претпријатие кои рачно ја расчистуваа чаршијата, а тротоарите во центарот на градот се посипуваат со песок.


-Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ подготвени на терен го расчистуваат снегот за да обезбедат нормални услови за движење на автомобилите и пешаците. Најпрвин се пристапи кон расчистување на јавните пешачки површини согласно категоризацијата и приоритет (чаршијата, стариот дел од градот, пристапни улици и степеници). На коловозите е делувано со абразивни средства  и расположивата механизација. - соопшти локалната самоуправа.



Вo среда и четврток во западните и јужните делови ќе има врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на наредната работна недела, информира УХМР.


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1388 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833