ОГЛАСИ

„Галебите“ со свои мотиви ќе учествуваат во Купот на Македонија

Спорт | Охрид | 14.02.2018 08:15Посети : 365

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид по втор пат во својата историја ќе биде дел од екипите кои ќе се натпреваруваат за трофејот во Купот на Македонија. Завршницата од некогаш најмасовното клупско натпреварување ќе се одигра во Кавадарци од 16 до 18 февруари.



„Галебите“ во 1/4 финалето силите ќе ги одмерат со составот на Блокотехна кој е еден од потесните фаворити за трофејот во годинешнето издание во Купот на Македонија. Сепак, охриѓани нема да се предадат пред време и во Кавадарци ќе отпатуваат да се надигруваат, а не со бело знаме.

- За нас ова е второ учество на завршниот турнир. Сосема заслужено си го изборивме. Оваа година вкрстуваме со Блокотехна, одличен тим. Очекувам добар натпревар, тие против нас се фаворити, но желба ни е да ја нарушиме фаворитската улога. Имаме повредени играчи, но ќе се обидеме да изненадиме. - изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.



Четвртфиналните мечеви на програмата се во петок, во сабота ќе се играат полуфиналните натпревари, а големото финале е закажано за в недела. Исто така во Кавадарци ќе се одигра и завршницата од женскиот Куп. Во полуфиналињата силите ќе ги одмерат Вардар - Пелистер односно Бадел 1892 - Струга 2009.


Двојки 1/4 финале:


Работнички - Карпош Соколи (13ч)

Блокотехна - АВ Охрид (15:30ч)

МЗТ Скопје - Фени Индустри (18ч)

Гостивар - Куманово (20ч)


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833