ОГЛАСИ

Забрана за возила на повеќе патни правци

Вести | Македонија | 13.02.2018 21:46Посети : 1618

Вечерба воведена е забрана за патнички возила воведена за движење на планинскиот премин Ѓавато. На патниот правец Тетово - Попова Шапка воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга - г.п. Ќафасан, Струга - Дебар, крак Маврово - Дебар, крак Стража - село Колари - Кичево, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато, соопшти АМСМ.


Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, кој беше во прекин поради падната лавина, се одвива по една коловозна лента.



Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец. 


Поради појава на магла видливоста е намалена до 100м на планинскиот премин Стража.


Поради отстранување на одрони во близина на с. Истибања сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица е во прекин, се користи алтернативен пат Кочани-Виница-Драгобрашта-Бигла-Македонска Каменица. 


OhridNews


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833