ОГЛАСИ

Државата потрошила 31 милион денари за засадување палми, а ниту една од нив не преживеала

Вести | Охрид | 13.02.2018 22:44Посети : 926

За спроведување на Акцијата “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” од почетокот на акцијата до 2016 година, биле потрошени 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од вкупно засадените садници, стои во информацијата на Јавното претпријатие Македонски шуми, што ја усвои владата.


 


Дополнителни 31 милион денари во оваа акција биле потрошени за засадување палми, а во извештајот се наведува дека ниту една палма не преживеала.



Дел од овие палми беа засадени на охридското крајбрежје, што предизвика силни реакции во јавноста. Револтот во неколку наврати граѓаните го изразуваа со палење на палмите. Сепак, најголемиот дел од нив се исушија, а неодамна започна нивното отстранување од парковите во центарот на градот и крајбрежјето.




Според најавите, отстранетите палми во централното градско подрачје ќе бидат заменети со јапонски цреши, а останатите со автохтони дрва, најверојатно со јавори или јасени.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833