ОГЛАСИ

Народен театар Охрид ќе добие 2.4 милиони денари за три нови претстави во 2018 година

Култура | Охрид | 13.02.2018 23:54Посети : 1101

На Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“, под чија капа работи Народниот театар од Охрид, во рамки на програмата за драмска дејност на Министерството за култура, му се одобрени 2.4 милиони евра за три нови театарски проекти кои треба да се реализираат во 2018 година.



За претставата „1984“ од Џорџ Орвел, која ќе ја режира Ирена Стеријовска на Охридскиот театар му се одобрени 700.000 денари. Втората нова претставата за која театарот во Охрид ќе добие 900.000 денари е „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, во режија на Софија Ристевска Петрушева. Третиот проект одобрен од Министертвото за култура е претставата „Каде е пиштолот, господа?“ од Габор Георѓи, во режија на Дејана Николовска, за што на Народниот театар од Охрид му се одобрени 800.000 денари.


Од театрите во внатрешноста помалку пари за реализација на драмската програма од Центарот за култура во Охрид единствено доби НУ Центар за култура „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес - 2 милилиони денари, за три театарски претстави, а најмногу Битолскиот театар - 7.7 милиони денари за шест нови претстави во 2018 година. Најголем буџет годинава има МНТ, близу 14 милиони денари, со кои ќе бидат  финансирани осум нови театарски проекти.



  • Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1357 гласови (88%)

Не - 179 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833