ОГЛАСИ

Божиновски:СДСМ и Министерството за култура направија културна деградацадијa на Охрид

Вести | Охрид | 14.02.2018 13:18Посети : 841

За СДСМ и министерот Роберт Алаѓозовски не се важни граѓаните и во кои рамки ќе се движи културниот живот во Охрид. Тие не сакаат Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата преку бројните афирмирани културни манифестации, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол и шеф на Центар за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ ОК ОХРИД.


- Во Годишната програма за култура за 2018 година, на Националната установа фестивал „Охридско лето“ од Министерството за култура и се доделени 23 милиони денари, наместо предвидените 53 милиони денари. Министерството јавно и транспарентно да објави како ги доделило понижувачките средства, по кои критериуми и според кои пресметки? Скандалозен е нискиот буџет и пристапот со кој што Министерството дава до знаење дека историјата на Охридско лето не е важна и не е вредна за внимание. Дали вака доаѓа живот за Охрид и охриѓани во сферата култура? Охридско лето врз основа на годишната програма претрпува културен геноцид, изјави Божиновски.


Тој додаде дека Националната библиотека „Григор Прличев“ во Охрид добила десет пати помалку средства, или 140 000 денари, кои ќе бидат наменети за набавка на ПП апарати.


- Каде е тука новиот дел на Библиотеката, крилото што започна да се обновува во времето на ВМРО-ДПМНЕ кое стои празно и неопремено и чека за да се доврши? За културната деградација да биде поголема, јубилејното 30–то издание на Поетската ноќ во Велестово не е поддржано од Министерството за култура, а Поетската ноќ во Велестово е втората најстара книжевна манифестација во Македонија. И покрај најавите за првпат по многу години Охрид за жал нема да добие нов модерен Театар каде културните и уметничките настани ќе може да се следат во современи услови по сите светски стандарди, вели Божиновски.


Според општинската ВМРО ДПМНЕ, сите овие пропусти доведуваат и поставуваат низа прашања во врска со критериумите, вредностите и начинот на поддршка на културните манифестации во Охрид и Република Македонија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 549 гласови (31%)

Не - 1203 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833