ОГЛАСИ

Екипите на ЕВН Македонија ги санираат дефектите во дистрибутивната мрежа

Вести | Македонија | 14.02.2018 14:30Посети : 1020

Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на Македонија. Без напојување се дел од населените места во планинските региони во охридско, струшко, во кичевско, гостиварско, во Ресен и околните села, во реканскиот крај, во марвровскиот регион и неколку планински села во тетовскиот регион.



-Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден ги санираа дефектите во повеќе населени места освен онаму каде што имаше проблеми со пристапот поради големи наноси од снег и одрони на патот. Од утринава екипите се постојано на терен и како ги санираат дефектите, така населените места се пуштаат под напон. ЕВН ги активираше сите расположливи ресурси, човечки и материјални, со цел побрзо справување со дефектите од невремето. Зимските возила, моторните санки и целата опрема е во служба на екипите за пробивање на најкритичните и непристапни места. - велат од ЕВН.


ЕВН Македонија е во постојана координација со другите енергетски компании кои го сочинуваат енергетскиот систем во земјава, со цел надминување на сите проблеми кои ги предизвика невремето, информираат од ЕВН.


 

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 549 гласови (31%)

Не - 1203 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833