ОГЛАСИ

Претставници од агенцијата за туризам и градоначалникот разговараа за формирање на туристичка инспекција

Вести | Охрид | 14.02.2018 16:39Посети : 972

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја интензивира меѓуинституционалната и регионалната соработка со цел зајакнување на туризмот и подобрување на соработката на локално и национално ниво. По состанокот со министерството за економија каде почнува основниот развој на туризмот, како следна активност на АППТ се одржа работниот состанок со дел од општините од Југозападниот регион, кој во основа е еден од најголемите и најбогати региони за туристички промет во Република Македонија.



На работна средба со градоначалникот на Охрид, Јован Стојановски со цел продлабочување на соработката во делот на поддршка на туризмот, интензивирање на промоцијата на градот Охрид и заеднички настапи со АППТ на саемите за туризам – со приоритет на саемот за туризам во Република Србија кој се одржува следната недела. Овој саем е од посебна важност за градот Охрид поради фактот дека најголемиот број на туристи во Охрид се од Република Србија, а соработката за промоција на саеми ќе продолжи и на саемите во Хрватска и Германија. Темите кои се дискутираа за време на состанокот, а се од посебен интерес за АППТ и градот Охрид, се во насока на инвестициите и можностите за инвестирање, како и измените на законските процедури.


Законот за угостителство во делот на категоризација на објекти и формирање на туристичка инспекција се наметнуваат како приоритет за решавање, со што се постигна обострана согласнот дека ќе се пристапи кон барање од туристичкото стопанство за формирање на туристичката инспекција, како и заштита на некои природни споменици како Студеничкото блато и изворите на реката Дрим во Охрид како атракции за еко туризам и нивна заштита.Работните средби на АППТ од овој тип се со цел интензивирање на развојот на туризмот, подобрување на регионална соработка, како и соработката на локално и национално ниво по принципот “од долу-нагоре” со што ќе се овозможи менаџирање на локалните дестинации за интензивирање на развојот на одржливиот туризам на ниво на целата држава.



Средба се оствари и со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Беше договорено отпочнување на заедничка соработка во делот на промоцијата и поддршката на туризмот, односно заеднички настап на саемски манифестации, пред се на саемот во Тирана, Албанија. На средбата се дискутираше за потенцијални инвеститори и инвестициски можности во струшкиот регион, посебно во веќе формираните и новоформирани туристички развојни зони, коишто се интерес и на локалната самоуправа. Во контекст на ова, градоначалникот Мерко потенцираше дека ќе се работи на продлабочување на пристаништето во градот Струга со што ќе се овозможи поврзување на Струга со целокупното охридско крајбрежје со една бродска линија, што ќе претставува атрактивна пловна атракција за градот Струга, како и за Република Македонија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1332 гласови (88%)

Не - 174 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833