ОГЛАСИ

Македонија никому не ја продаваме, порачаа учесниците на протестот за одбрана на името

Вести | Охрид | 27.02.2018 23:42Посети : 1002

Македонија никому не ја даваме, Македонија никому не ја продаваме. Името на нашата држава е Македонија. Така било и така ќе остане, порачаа учесниците на вечерашниот протест пред Собрание, јавува „Макфакс“.



„Бараме итен крај на разговорите за името на државата. Отфрламе референдум за името. Ја повикуваме власта да се откаже од намерата за промена на власта, ја охрабруваме опозицијата да ги одбрани името и идентитетот на македонската нација. Тој аманет од историјата мора да го исполниме. Велепредавниците кога-тогаш ќе бидат извадени пред судот на народот. Отфрламе двојазичност затоа што ја руши унитарноста и ја менува етничката карта на Македонија“, порачаа учесниците.


Тие рекоа дека го отфрлаат и договорот со Бугарија поради ревизија на македонската историја затоа што го негира постоењето на македонскиот народ и јазик и го негира постоењето на Македонците во Бугарија. 



Учесниците побараа и слобода на, како што рекоа, уставобранителите кои ја бранеа демократијата на 27 април во Собранието на Македонија и ослободување на Едмонд Темелко.


„Повикуваме на семакедонско помирување и обединување затоа што силата е во единството. Иако сме далеку од нашиот дом подеднакво ја сакаме родината, тука имаме имоти, роднини тука ни се корените, тука се гробовите на нашите прародители. Македонија припаѓа на сите Македонци во светот. Никогаш не заборавајте – со вера во Бога заедно и тука и насекаде ќе ја браниме и одбраниме Македонија“, порача еден од говорниците, претставник на дијаспората во Европа.



На протестот е обрати и митрополитот преспанско-пелагониски и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар, кој порача дека само Господ може да ја спаси Македонија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 128 гласови (31%)

Не - 285 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833