ОГЛАСИ

Видео: Како изгледа патот преку планинскиот превој Буково

Вести | Охрид | 28.02.2018 09:25Посети : 3466

Сообраќајот во земјата и утрово се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од снег. Од 07:30 часот укинати се забраните за сообраќај на тешки товарни возила на планинските премини Ѓавато и Буково каде вчера се излизга шлепер. Тешкото товарно возило се уште е заглавено покрај коловозот, но сообраќајот се одвива непречено.



На регионалниот пат Охрид - Ресен, кај селото Косел, вчера се случи уште една незгода. Лесно товарно возило изгубило контрола и излетало надвор од коловозот, што го отежна одвивањето на сообраќајот.



Како што информира АМСМ, забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и Струга – граничен премин Ќафасан се уште се на сила. Сообраќајот на патните правци Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хисар поради обилни врнежи од снег се одвива отежнато во зимски услови и задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 128 гласови (31%)

Не - 285 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833