ОГЛАСИ

Лице од Делогожда претепано поради сообраќајна незгода

Вести | Охрид | 06.03.2018 13:54Посети : 1188

56-годишно лице од струшкото село Делогожда, вчера, во 22 часот, пријавило дека истиот ден околу 17 часот во Скопје на булевар „Крсте Мисирков“ додека бил застанат со неговото патничко моторно возило „Пасат“ во кое што биле тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале.



Истиот се здобил со скршеница на левата рака и носот. Според пријавата, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што истите се дале во бегство. Оштетените се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош.


Причина за настанот, според пријавата, е претходна расправија. Имено, околу 14 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза" Скопје, лицето од Делогожда имало сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите. Се работи на целосно расчистување на случајот.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 128 гласови (31%)

Не - 285 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833